После гласањето се чуствувам мирно и спокојно, затоа што со моето гласање го искажав не само мојот однос туку и односот на поголемиот дел од припадниците на српскиот народ кон државата во која се родивме, школувавме, работиме и живееме, истакна лидерот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ, кој како дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ синоќа гласаше против отпочнување на постапка за уставни измени според Договорот од Преспа.
„Лично, се чуствувам достоинствено и гордо затоа не само што не ја продадов, буквално, душата на ѓаволот, туку и што не дозволив, мене и мојот народ да не стават на страната на оние кои му направиле зло на народот со кој заедно живееме.
Припадниците на српскиот народ се чесни и достоинствени луѓе, би било наивно и неодговорно да давам дополнителни совети за нивната сегашна и идна положба, бидејки политиката е вештината на можното. Да продолжиме со нашата работа…“, напиша тој на фејсбук.