Стоиљковиќ: Џип од 60 илјади евра бил заборавен во сервис

by Фокус

Џип марка „бе-ем-ве“ во сопственост на Министерството за односи меѓу заедниците вреден 60 илјади е пронајден во многу лоша состојба во сервис за поправка, од каде не е подигнат, изјави вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и посочи дека ова е најновата злоупотреба што деновиве ја откриле.

-Не можам да утврдам за што било користено возилото. Но, сега тоа личи на искубана кокошка. Кога јавноста ќе ги види сликите, ќе може да процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставен на милост и немилост во сервис каде што му се извадени вратите, а извадени се и други делови од него и биле користени за потребите на сервисот – рече тој.

Притоа, посочи дека сервисот во кој е оставено возилото порано се вршеле поправки на возила на Министерството.

-Не сакаме да го подигнеме возилото. Бараме записници како е предадено, но такви нема. Сведоците велат дека е предадено во нормална состојба. Но, досега не е подигнато – истакна тој.

Стоилковиќ очекува резултати од ревизијата што ја спроведе Министерството за финансии во Министерството за односи меѓу заедници, која најави дека прво ќе ја презентира на затворена седница на Влада, па потоа врз основа на одлуките и заклучоците што ќе произлезат од неа, наодите ќе ги достави до другите надлежни институции.

Поврзани новости