Стоев: Очекуваме Северна Македонија да покаже политичка волја за надминување на разликите

by Fokus

Бугарскиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев на средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ја потврдил принципиелната позиција на Бугарија за поддршка на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Република Македонија, соопшти прес-центарот на бугарското МНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стоев истакнал дека Бугарија, за да го поддржи почетокот на пристапните преговори на Република Македонија со ЕУ, има потреба од конкретни дејствија и гаранции за трајното и неповратно исполнување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

– Очекуваме од Република Северна Македонија да покаже политичка волја за надминување на разликите. Бугарија од своја страна останува активно ангажирана во изнаоѓањето можности за решавање на отворените прашања, рече Стоев.

Поврзани новости