Сто пациентки со карцином и со приоритетни упати веќе два месеци чекаат за скен на коски

by Fokus

Сто пациентки два месеца чекаат скен на коските за да им биде дадена онколошка терапија, бидејќи нема изотопи истакна Ана Марјановиќ од Здружението посветено на пациентите со рак и нивните негуватели „Хемо-онко“.

Таа за овој проблем го известила и министерот за здравство Арбен Таравари.

– За скен на коските во овој момент чекаат 100 пациентки со приоритетни упати пратени на тоа испитување за продолжување на онколошката терапија. Додека не се направи испитувањето, тие се без терапија, што го комплицира нивното лекување. Проблемот што е посочен од институцијата е дека немаат изотопи.

Чекаат речиси два месеца. Додека имаат изотопи, снимањата одат регуларно, по протокол, доколку имате потпис од онкологот и печат дека сте приоритетен пациент, само тогаш добивате предност. Меѓутоа, проблемот во изминатите два месеца е дека пациентки со печати чекаат да бидат прегледани за да знаат нивните онколози како да го продолжат лекувањето, не можат да го добијат тоа снимање“ рече Марјановиќ.

Министерот Таравари рече дека првпат слуша за овој проблем и дека ќе се информира што може како Министерството за здравство да направи.

И.М

 

Поврзани новости