СТО МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТИ НА ДВЛМ ЗА 22 МЕСЕЦИ

by Fokus

За неполни две години или попрецизно за 22 месеци, Државна видеолотарија на Македонија израдува 101 Македонец со најпосакуваната добивка МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Само за овој тип на добивки, ДВЛМ успеа да подели 150.950.933,00, денари. Во истиот период се освоени и 13.479 МИНИ ЏЕК ПОТ добивки, за кои се поделени 100.984.112,00 денари.

Стотиот добитник на ДВЛМ е играч од Пробиштип. Станува збор за Александар Ангелов кој на 21 март посакал да се забавува. Со влог од 200 денари, тој прво добил мала добивка, која решил да ја остави во игра. Ова одлука се покажала како среќен избор. Го довела до фантастичните 1.782.760 денари, најголемиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ износ за 2018. Александар ни раскажа дека во прв момент не знаел дека добивката е негова. Помислил дека нешто не е во ред со видеолотарискиот терминал.

Добивката е освоена во Пробиштип, кај деловниот соработник на ДВЛМ Делта Бет ДООЕЛ Моцарт. Среќниот добитник ни кажа дека е претпазлив во поглед на планот како ќе ги потроши освоените пари. Александар сака спокојно да размисли, пред да започне со трошењето.

Само за потсетување, добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 101 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 150.950.933,00денари. Покрај нив, освоени се и 13.479 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 100. 984.112,00 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

 

Поврзани новости