Стивнува огнената стихија во Македонија

by Fokus

Од попладнево активни се само уште два пожари од кои едниот кај село Раовиќ и Буковиќ од страна на Сува планина, а другиот во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица.

– На потегот од село Буковиќ кон село Чајлане е се уште пожарот активен. Ангажирани се сили за гаснење, а во поплладневниве часови се планира да се активира и еден хеликоптер од Армијата. Активен е и пожарот во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица во Прилеп. Гори кракот од село Ракле кон село Крсец и се проширува кон место викано Фаришки лозја, кавадаречко, а тој терен е недостапен и многу тешко е да се гасне пожарот, информираа на денешната прес-конференција од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Поврзани новости