Стивен Кинг постојано мисли на Трамп откако ја изгледал серијата „Чернобил“

by fokus

Американскиот писател Стивен Кинг соопшти дека не можел, а да не помисли на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако ја изгледал мини- серијата „Чернобил“.

Серијата има пет епизоди и до вчера се прикажуваше на каналот „HBO“.

-Не можете да го гледате Чернобил, а да не помислите на Доналд Трамп. Исто како и оние задолжени за фаталниот руски реактор, така и тој е човек со просечна интелигенција задолжен за голема сила – економска и глобална, која не ја разбира, напиша Кинг на Твитер.

Инаку американскиот пистел е голем критичар на политиката на Трамп и не еднократно се искажуваше против изградбата на ѕид на границата со Мексиоко.

На забелешката на Кинг одговори Крег Мејзин, извршен продуцент и сценарист на мини-серијата „Чернобил“.

-Како прво, задоволен сум што гледате. Второ, задоволен сум што гледате паметно. Не дека некогаш сум имал сомнение, напиша сценаристот.

Поврзани новости