417
Мајсторот за хорор приказни, писателот Стивен Кинг е огромен обожавател на „Игра на троновите”, па на Твитер се огласи и по повод финалето на телевизиската серија.
– Пред вечерашната епизода од „Игра на троновите”, голема благодарност до Џорџ Р.Р. Мартин, Дејвид Бениоф и Ден Вајс за осмата сезона од вака извонредната фантастична (и човечка) драма. Малку серии може да се наречат револуционерни. Оваа е една од нив. Дечки, закон сте!, напиша Кинг пред почетокот на синоќешната последна епизода.
Потоа, тој со едноставно одобрување, ја сподели и објавата на писателот Скот фон Довијак која гласи: „Не ме интересираат продолженија и претпродолженија, но би го гледал „Арја: Западно од Вестерос”.