493
Дел од англиските медиуми објавија денеска дека Стивен Џерард, поранешната фудбалска легенда на Ливерпул, а подоцна тренер на Глазгов Ренџерс и Астон Вила, е кандидат за нов селектор на Полска.
Оваа сезона Џерард ја почна како тренер на Астон Вила, но слабите резултати придонесоа за негова смена во октомври.
Претходно Џерард имаше забележителни резултати на клупата на шкотски Ренџерс и Фудбалската федерација на Полска, според англиските медиуми, сериозно размислува да го назначи за нов селектор.
Полска на неодамнешното Светско првенство беше елиминирана во осминафиналето од Франција, а тамошниот фудбалски сојуз најави дека нема да ја продолжи соработката со досегашниот селектор Чеслав Михниевич