757
Попладнево во земјава пристигна првата пратка од вакцината „Фајзер“, обезбедена со директни преговори со производителот, соопшти Министерството за здравство.
„Станува збор за 10.530 дози од вакцината Фајзер, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација“, соопшти Министерството за здравство.