94
Портпаролот на кипарската влада Константинос Летимбиотис рече дека изјавите на лидерот на Хезболах Сајед Хасан Насрала дека би можел да го смета Кипар за „учесник во војната“ доколку продолжи да му дозволува на Израел да ги користи кипарските аеродроми и бази за вежби „не се пријатни“.
Поради овие закани Кипар ќе преземе соодветни мерки преку дипломатски канали.
„Кипар не е вклучен и нема да биде вклучен во каква било војна или конфликт“, рече Летимбиотис, пренесува Кипар Меил.
Тој го повтори она што кипарскиот претседател Никос Христодулидес го рече вчера, дека Кипар е „дел од решението, а не дел од проблемот“ и инсистираше на тоа дека Кипар е „столб на мирот и стабилноста во регионот“.