Стигна реакција на ЕУ за новите царини на Трамп: Неоправдано, цврсто ќе одговориме

by Fokus

Европската унија нема да дозволи одлуката на САД да воведат царини од 25 отсто за увоз на челик да остане без одговор, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Длабоко жалам за одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум“, рече фон дер Лајен во објавата на мрежата X.

ЕУ, според неа, ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси, работниците, работодавачите и потрошувачите.

Поврзани новости