Политичар на кој се гледа најповолно во земјава е актуелниот претседател, Стево Пендаровски. Следуваат Никола Груевски и Христијан Мицкоски, а најмалку поволно се гледа на Африм Гаши, Али Ахмети и Талат Џафери. Ова го покажала анкетата на ИРИ (Меѓународниот републикански институт) направена на 1204 испитаници, жители на земјава, во периодот меѓу 8 април и 4 мај 2023 година. Интервјуата се спроведени во живо, а изборот на соговорници ја одразува структурата на населението според последниот попис.
Стево Пендаровски – 38% поволно / 59% неповолно;
Никола Груевски – 30% поволно / 66% неповолно;
Христијан Мицкоски – 30% поволно / 67% неповолно;
Димитар Апасиев – 24% поволно / 65% неповолно;
Димитар Ковачевски – 25% поволно /71% неповолно;
Зоран Заев – 20% поволно / 77% неповолно;
Билал Касами – 14% поволно / 76% неповолно;
Арбен Таравари – 14% поволно / 78% неповолно;
Талат Џафери – 15% позитивно / 83% неповолно;
Али Ахмети – 16% позитивно / 80% неповолно;
Африм Гаши – 9% позитивно / 80% неповолно.
На прашање – Кога помислувате на човек од политичкиот живот, која е таа една личност во Северна Македонија на која гледате најповолно, најдобар резултат има Али Ахмети, па потоа следат Никола Груевски, Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски.
Дури 42% од граѓаните, спонтано не споменале ниту едно име.