Стево Пендаровски е индиго препис на претседател, по налог на Ковачевски и Ахмети потпиша измени на КЗ во секунда. Пендаровски ги фрли во корпа сите тези на владеење на право и правна држава, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Попусто се обидува Пендаровски да глуми дека има некаков став, кога му беа потребни само неколку секунди да ги потпише измените во КЗ. Пендаровски е слободен да има свој став, се додека Ковачевски и Ахмети не му кажат поинаку, од тука можеби и му доаѓа нервозата, која ја разбираме, но не ја оправдуваме.
Дури се сомневаме дека во последно време претпоставува што би биле барањата на Ковачевски и Ахмети, па пробува од прва да го има истиот став. Пендаровски е тој кој кажа дека бугарскиот диктат е всушност негов, т.е. тој го составил“ велат од партијата.
Оттаму го обвинија Пендаровски дека цел мандат немал направено ништо добро, но затоа, како што додаваат, има направено штета која со години ќе треба да се санира.