Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ прогласи победа во Карпош, против неговиот противкандидат Душко Весковски од редовите на СДСМ.
Тој на прес-конференцијата на која прогласи победа истакна дека и покрај целата црна кампања, која се водела против него, сепак успеал.
Според него, општината повторно ќе биде негова и цветна.
-Нема да има реваншизам, сите се добредојдени кај мене. Јас го гледав Карпош 30 години нанапред, додека некои во овие 4 години го гледа наназад, рече Јакимовски на прес-конференција и додаде:
-Во оваа изборна кампања морам да кажам дека се однесував витешки, излегував и кажував кои се решенијата на проблемите на Карпош и која е визијата на Карпош.
Јакимовски пред четири години беше градоначалник на скопски Карпош, каде изгуби од Стефан Богоев.