Стевчо Јакимовски: Очигледно е дека на власта и требаат жртви

by fokus

За екс градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, се бара притвор поради незакоснко спроведување на три тендери за општинските бараки и плоштадот во Жданец, во чии рамки не била активирана банкарска гаранција.

„Очигледно е дека на власта и требаат жртви. Се истражуваат работи во однос на три јавни набавки, од кои две во 2012 година за општинските бараки и последната за плоштадот во Жданец. Тие немаат врска со мене како градоначалник. Јас не земам банкарски гаранции. Потпишувам одлука за јавна набавка, одлука за избор на најповолен понудувач, го потпишувам договорот, а потоа се зема банкарска гаранција и сетоа тоа понатаму го работат службите“, изјави Јакимовски за Макфакс.

Поврзани новости