Стевчо Јакимовски не го потпиша Кодексот за етичко однесување

Фото: Независен.мк

by Fokus

Стевчо Јакимовски не го потпиша Кодексот но порача дека ќе го почитува ако има претседателска дебата, а Билјана Ванковска најави кривична пријава за ДИК и за некои од противкандидатите, пренесува „Независен.мк“.

Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија дојдоа да го потпишат Кодексот за фер и демократски избори, но овој церемонијален настан се претвори во политичка драма.

Оттаму информираат дека Јакимовски најави дека нема да го потпише Кодексот, а Билјана Ванковска најави кривична пријава за ДИК и за некои од противкандидатите, Максим Димитриевски ја обвини Гордана Силјановска Давкова дека и собирале потписи организирано со автобуси, неколку од нив го вперија прстот во ДИК поради нерамноправна распределба на времето за политичко рекламирање и парите, а во ДИК тоа го сфатија како закана – па одбија да се фотографираат со кандидатите, но во име на фер и демократски избори на крајот попуштија.

Сето тоа кулминираше со најавата дека пропадна мастер дебатата бидејќи две телевизии одбиле да учествуваат во организацијата и да ја пренесуваат.

Паднаа и обвинувања за фаворизирани кандидати.

Поврзани новости