Стевчо Јакимовски: И покрај циркусот од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Општина Карпош го донесе буџетот

by Fokus

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски вели дека советниците на ВМРО-ДМПНЕ се обидоа, како што рече да го блокираат донесувањето на буџетот на општината, а со тоа да го запрат функционирањето на Општината и исплаќањето плати на вработените од општинската администрација, училиштата и градинките.

„За среќа, надвладеа разумот и огромна благодарност од мене, од граѓаните на Карпош, од општинската администрација, до советниците на СДСМ, Левица и ГРОМ и двајцата независни советници Невена Георгиевска и Александар Илиески, кои што ја видоа сериозноста која што се создава со не носење на Буџетот, но со жалење можеме да констатираме дека советниците од ВМРО продолжија со нивниот деструктивен однос. Тоа беше една демонстрација на еден циркуз во кој имаше викање, како и обид да не се продолжи седницата, најмалку јавено 20 пати процедурално, па навредувања. Замислете, оној што дава 4.000 амандмани, во кој што најмалку еден бил по еден денар, тие не биле насилни, ние сме биле насилници, кои со мнозинство го носиме буџетот. За жал, сценаристот и режисерот Христијан Мицкоски кој е граѓанин на Општина Карпош, и кој се обиде да ја блокира Општината во која што живее, улогата што му ја доделил на актерот Роберт Вељановски, како главна улога, на крај не успеа да ја додржи ниту споредната улога, туку беше исфрлен на овој кастинг кој што го спроведува останатиот дел од Советот на Општина Карпош. Сега, бидејќи не глуми онаму каде што треба да глуми, се обидува да глуми во Советот на Општина Карпош“, истакна Стевчо Јакимовски.

Поврзани новости