Стејт Департментот на САД денес ги стави на црната листа Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и претседателски кандидат, како и Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка. Според оценката на САД, нивните постапки го поткопале владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади.„
Во службено својство на поранешен специјален главен обвинител во Северна Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. Има веродостојни информации дека Јанева барала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност.
Во службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да има корист за себе и за неговите соработници.
Овие именувања ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво, стои во објавата.