Директорката на Инфективната болница д-р Милена Стевановиќ предупредува дека особено во четвртиот бран пациентите масовно се лекуваат во домашни услови и тоа им ја усложува работата на лекарите.
Во гостувањето во „Магазин“ на Сител рече дека Ковид не може да се лекува со „освежувања“.
-Ние и ден денес и покрај, безмалку, две години гледаме исклучително тешко пациенти кои на клиниката се доцна дојдени. Не можам да го разберам стравот од болница иако болен човек е болен човек и стравува и со оправданост стравува од можните последици на Ковид. Но навистина, домашното лекување, самолекувањето на ниту еден пациент не му оди во прилог. За нас лекувањето оди многу потешко на таквите пациенти. А ние, она што го забележуваме во овој последен период, во овој четврт бран е навистина е масовно самолекување дома и лекување со освежувања. Ковид не се лекува со освежувања. Ковид се лекува со навремено преземање на низа на мерки кои треба да ја контролираат болеста. Тоа во домашни услови е невозможно, рече Стевановиќ.