Стевановиќ: Од денеска вработената на Инфективна клиника ќе прима лек рибавирин

by Fokus

Првата пациентка од штипско село починала во неколку часа, не можела да биде спасена ниту да имало лек. Ниту една држава нема ваков тип на лек во залиха, рече директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ во изјава за јавноста.

„Колешката е во стабилна состојба, влегува во фаза во која се очекува крварење, пациентката ја гледаме под лупа, како со анализите и со клиничката слика. Одлучено е и проценето е дека денеска треба да почнеме со лекот рибавирин. Не требало порано да дава лекот, сметаме дека сме на добар пар, правиме исправно“ вели Стевановиќ за вработената на Инфективната клиника која е заразена со конго-хеморагична треска.

„Ниту еден колега не кажува, не напишал колкав процент е ефикасноста на лекот“ вели таа.

„Тоа е антивирусен лек, овој лек и порано сме го имале“ смета д-р Стевановиќ.

 

Поврзани новости