Стевановиќ: Младоста сама по себе не штити од ковид како што се сметаше

by fokus

Младите да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките бидејќи, како што вели, младоста сама по себе не штити од ковид, како што се сметаше на почетокот од епидемијата, вели директорката на Инфективната клиника Д-р Милена Стевановиќ.

-Имаме работа со тешка инфекција и мора да бидеме исклучително сериозни, независно од младоста. Младоста не нè штити така како што сметавме или се надевавме на почетокот на епидемијата, вели Стевановиќ.

На Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 160 пациенти заразени со ковид, а од нив 10 до 15 примиле една или две дози на вакцина.

-Пациентите што примиле вакцина, а се хоспитализирани, претежно се со други придружни коморбидитети поради кои мораме да ги надгледуваме, изјави Стевановиќ.

Денеска од корона почина петнаесетгодишно девојче, што е досега најмлада жртва во Македонија од почетокот на пандемијата, а вчера почина дваесет и двегодишен пациент од Куманово.

Поврзани новости