Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија во вечерашното гостување на телевизија Канал 5, им подари маски за заштита на загадениот воздух на водителката и на неговиот соговорник, пратеникот Павле Богоевски.
-Прифаќајки го предзвикот да бидам на дебата со некогашниот претставник од Шарената револуција, се потсетив кога тој се залагаше за чист воздух, а во последнава година не знам зошто тоа веќе не го прави. Единствена мерка што ја презеде градоначалникот е вработување на десет оџачари, рече Стевананџија.
Богоевски му одговори дека проблемот со воздухот не е од вчера, а тој ќе продолжи да се бори.
-Проблемот со воздухот во Скопје е постоечки и нема бегање. Но, исто така тој проблем не е нов. Поради тоа ви благодарам на маската и ви ветувам дека ќе продолжам да се борам за чист воздух, и додека нашата коалиција е на власт, рече Богоевски.