Стевананџија кон СДСМ: Образованието ни е хаос, полетани сте како авион од Арачиново

by fokus

Денеска во Собранието на дневен ред е расправата за Закон за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше владејачката СДСМ поради состојбите во образованието.

„Полетани сте како авион од Арачиново, затоа што направивте ршум. Нема социјална група со која не се скаравте. Со сите направивте тотален масакр. Наместо денеска да дискутираме до каде е новата зграда на ФИНКИ, Факултетот за физичка култура, ние се раасправаме за задоволнување на лично его. Нема учебници, а вие предлагате закон за учебници“, посочи Стевананџија.

Поврзани новости