Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на денешната собраниска дебата за доделувањето на инветер клими, упати критики кон владејачката партија поради како што рече, неправилната рапсределба на климите.
„Кажете ми зошто жителите на Новаци не добијат инвертер клими? Зошто жителите на Могила да не добијат? Луѓето ги делите на луѓе со инвертер и луѓе без инвертер клими. Но, од оваа мерка нема да добијат ниту учениците, ниту трудниците, ниту луѓето со хронични болести. Од мерката ќе добијат само партиските функционери со книшка во рака. Единствена мерка која владата на СДСМ ја презеде за намалување на загаденоста е четири нови оџачари и некаков парк на ГТЦ, кој после два часа од отворањето прокисна. Имате доволно време да го повлечете овој противуставен закон“, истакна Стевананџија.