Адвокатот Стеван Павлески и го откажа полномошното на Катица Јанева и повеќе нема да биде нејзин адвокат. Павлески за НОВА рекол дека три дена по приведувањето на Јанева, тој и најавил дека повеќе нема да може да ја застапува.
Павлески дојде со Јанева на распитот во Обвинителството за организиран криминал, а потоа ја бранеше и кај судија на претходна постапка кога и се определуваше мерката притвор. Павлески истовремено е и адвокат на газдата на„ Пелистерка“Цветан Панделевски кој е осомничен во случајот „Империја“ и на Љупчо Георгиевски во „Траекторија“.
Не постои конфликт на интереси со случајот Катица Јанева, јавноста не треба да се оптеретува на таа тема – главен интерес е таа да си обезбеди докази дека не е виновна, вели Павлески за НОВА.
Обвинителката Вилма Рускоска по приведување на Јанева побара од Павлески да одлучи дали ќе биде бранител на Јанева или на осомничените токму од неа, односно од СЈО.
Павлевски тогаш изјави дека Јанева е жртва во случајот Рекет и тоа ќе го докажат.