566
Пратеникот во албанскиот Парламент од Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, кој вчера се сретна со македонскиот претседател Стево Пендаровски, изјави дека Пендаровски, освен со албанскиот претседарел Илир Мета, требало да се сретне и со премиерот Еди Рама, Рама ја откажал средбата.
Планирано беше претседателот Стево Пендаровски да се сретне и со премиерот Еди Рама, но како што бев информиран од македонската делегација, половина час пред средбата, кабинетот на премиерот Еди Рама средбата ја откажал со образложение: „Прeмиерот има важен состанок“. Одложувањето на средбата се случи после заедничката прес-конференција на претседателите Мета и Пендаровски – рече Стерјовски.
Според него, однесувањето на Рама е несериозно.
-Имајќи предвид дека ваквите средби се закажуваат предвреме со недели, останува впечатокот дека е несериозно однесувањето на премиерот, уште помалку е во духот на добрососедството. Особено ако се има предвид дека Република Албанија и Република Македонија заедно се движат по европскиот пат и споделија иста мерка од последниот самит на Европскиот совет – одлагање на датумот за почеток на преговорите за членство во Европската Унија – рече тој