Делегација на македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ денеска учествуваше на семакедонскиот собир во Мелник, Бугарија.
Нејзиниот лидер Васил Стерјовски побара институциите на Македонија да се грижат за Македонците во соседните земји како што сите држави на Балканот и Европска Унија се грижат за своите малцинства.
-Вам од се срце ви се поклонувам што сте вистински Македонци, што се борите за вашите човекови права во Бугарија, што организирате вакви настани за да ја негувате и сочувате македонштината и за да не ги заборавиме синовите што се бореле и гинеле за Македонија. Од овде, од гордиот Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот јазик, ја сакаме и државата Македонија, бидејќи сме нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ.
Ја поздравуваме неодамнешната средба меѓу македонскиот министер за правда со Стојко Стојков каде разговараа за положбата на Македонците во Бугарија и не-имплементацијата на пресудите од Европскиот суд за човекови права од страна на Бугарија и се надеваме дека ваквите средби со институциите на Република Македонија ќе продолжат и во иднина, рече Стерјовски во своето обраќање,