335
Претседателот на единствената македонска партија во Албанија МАЕИ, Васил Стерјовски во интервју за „Euronews Albania“ говорел за проблемот со бугарските пасоши, кои веќе станале бизнис во Албанија.
Според него, цените за вадење бугарски пасош се движат од 5 до 25 илјади евра.
„Јавно кажувам дека бугарскиот пасош е многу профитабилен бизнис во Албанија. Тој е поисплатлив од одгледувањето марихуана во Албанија. За бугарски пасош македонската заедница може да плати 5 илјади евра, додека за Албанците до 25 илјади евра“, рекол Стерјовски.