Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на напредни ракети воздух-воздух со среден дострел и придружна опрема на Норвешка и Романија, за проценета вредност од 405, односно 592 милиони долари, објави Пентагон.
Како што пренесува Reuters, најверојатно станува збор за опремата што ја произведува компанијата RTKS.
Претходно оваа недела Пентагон објави дека Стејт департментот одобрил евентуална продажба на беспилотни летала и ракети „Патриот“ на Италија и Германија во вредност од неколку милиони долари.
Стејт департментот даде зелено светло за можна продажба на 600 ракети „Патриот“ на Германија за проценета цена од пет милијарди долари, а главен изведувач ќе биде компанијата „Локид Мартин“, како и за евентуална продажба на МК- 9 беспилотни летала Reaper за Италија за проценета цена од 738 милиони долари, додека изведувач ќе биде General Anatomics.