233
Американскиот Стејт департмент ги повика Американците во Либан да ја напуштат земјата поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, додека комерцијалните летови остануваат достапни.
„Поради непредвидливата природа на тековниот конфликт меѓу Хезболах и Израел и неодамнешните експлозии низ Либан, вклучително и Бејрут, Амбасадата на САД ги повикува американските граѓани да го напуштат Либан додека се уште се достапни комерцијалните летови“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Моментално се достапни комерцијални летови, но со намален капацитет.