542
САД сметаат дека одговор на прашањето за можно одвојување на процесите на пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ по јуни треба да дадат засегнатите страни и Унијата.
На прашање од МИА дали САД се согласуваат на одвојување на процесот за Албанија да ги започне претпристапните преговори со ЕУ во јуни, а Северна Македонија да остане поради блокадата на Бугарија, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа на брифинг изјави дека за тоа решаваат земјите во ЕУ.
– Ние имаме билатерални партнерства со земјите за кои станува збор, како и со ЕУ и во врска со ова подобро е да се обратите до овие земји и до Унијата, изјави Прајс.