48
Стејт департментот ќе работи со Скопје и Атина, за да се одржи Договорот од Преспа.
Ова е ставот на Стејт Департментот на прашање на Гласот на Америка дали официјален Вашингтон ќе разговара со новата Влада, затоа што премиерот Христијан Мицкоски не го користеше уставното име на државата во јавните изјави за време на Самитот на НАТО.
„Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во јужна и источна Европа. САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки“, велат од Стејт Департментот.