Стејт департмент предупредува од можни терористички напади во Косово и БиХ

by fokus

Американскиот Стејт департмент објави обновенo предупредување до американските граѓани кои патуваат во странство. На интерактивна карта поместена на веб-сајтот на Стејт департментот, сите земји се поделени во четири категории.

Косово и Босна и Херцеговина се ставени во втора категорија, односно дека постои ризик од нарушена безбедносната ситуација и се препорачува особена внимателност и будност при патување во овие земји.

„Во некои градови и села како Северна Митровица, Лепосавич, Зубин Поток и Звечан можни се граѓански немири“, се вели во предупредувањето.

Исто така се наведува дека терористички групи од Косово и Босна и Херцеговина подготвувале можни напади во регионот на Балканот.

„Терористи можат да извршат напад без предупредување. Нивна цел се туристички локации, пазари и шопинг центри, локални владини установи, хотели, клубови, религиозни места, паркови или големи спортски и културни настани“, се вели во предупредувањето.

Поврзани новости