Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс денеска изјави дека САД остануваат активна страна во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и силно го поддржуваат продолжувањето на преговорите со посредство на ЕУ.
Во одговор на прашањето на американскиот портал „Павловиќ денес“ „зошто во насловот на таканаречениот европски план не се споменуваат САД и дали тоа значи дека Вашингтон се откажа од својата активна улога во решавањето на косовскиот спор“, Прајс рече дека тоа не е така.
-Мислам дека го видовте тоа за време на оваа администрација. Неодамна, нашиот заменик-помошник секретар Габе Ескобар, заедно со високи претставници на ЕУ – Германија, Франција и Италија – предводеа заедничка мисија во Приштина и Белград за да разговараат за предлогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, рече Прајс, пренесе Танјуг.