Стејт департмент: Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

by Fokus

Денеска Стејт департментот го објави годинашниот Извештај за спречување на трговијата со луѓе, каде на властите во Македонија им се препорачува да спроведат построги истраги, да ги гонат и осудат осомничените трговци со луѓе, како и да не се заобиколуваат официјални лица за кои има сомнежи за соучество.

Како што се додава во истиот, владата на Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значајни напори во таа насока.

Поврзани новости