Американскиот Стеjт департмент во изјава за МИА денеска укажа дека САД се горди што Македонија се приклучи на заедничката американско-европска акција против Русија за неодговорното однесување.
Македонија завчера протера еден руски разузнавач и стана дел од акцијата на САД, Канада и дваесет други европски земји во која беа протерани вкупно 139 руски дипломати и разузнавачи од тие земји како одговор на нападот со отровен нервен агенс во Солсбери, Велика Британија.
„Јасно демонстриравме дека сме солидарни со Велика Британија и испративме јасна порака дека со своето неодговорно однесување Русија плаќа висока цена. Продолжуваме да се координираме со партнерите и сојузниците, а оние кои сѐ уште не го сториле тоа ги охрабруваме да преземат мерки за испраќање на слична порака до Русија“, се вели во изјавата.