Пратеничката од граѓанскиот сектор во коалиција со СДСМ, Ирена Стефоска пред нејзините колеги зборуваше за историјата на Македонија.
Таа вели, ако до сега провинцијата во Грција велеше само ние сме Македонија, а и ние, етничките Македонци, велиме само ние сме Македонци, сега конечно Грците признаваат дека има и друг дел на Македонија, кој е посебна држава.
-Малите земји како нашата можат да просперираат само ако влезат во сојузи кои гарантираат мир, стабилност, безбедност, за нас тоа се ЕУ и НАТО. Можеме како граѓани на 21 век да седнеме и цивилизирано да се договараме и да разбереме, рече Стефоска.
Оваа држава мора да продолжи да го негува дијалогот, кој почна со овој и со договорот со Бугарија.
-Нека биде македонскиот придонес во трајно стабилизирање на земјата. Конечно и двата поима на сфаќање на Македонија и македонско можат да живеат заедно и истовремено да се признаваат, додаде Стефоска.