Околу 40-ина минути откако информира дека гори објектот на поранешниот дом за згрижување на деца и мадинци „Ранка Милановиќ“ во Општина Гази Баба, градоначалникот на општината, Бобан Стефковски потоа во објава на Фејсбук соопшти дека пожарот е целосно изгаснат.
„Пожарот кај поранешниот дом ‘Ранка Милановиќ’ е целосно изгаснат“,пишува Стефковски на Фејсбук.
Градоначалникот додава дека пожарникарот Иво Цветковски кој утринава бил прогласен за пожарникар на годината, вечерва во пожарот спасил човечки живот.
Пожарникарот, додаде Стефковски, и самиот завршл со полесна повреда за време на интервенцијата.
„Им благодарам на командантот и целата единица на противпожарната бригада на Град Скопје која вечерва е на смена за брзата и енергична реакција“додава Стефковски .
Претходно вечерва, првиот човек на Општина Гази Баба информира дека гори објектот на поранешниот дом за згрижување на деца и мадинци „Ранка Милановиќ“, но дека нема повредени лица.