Актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување и поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Стефановски, е нов претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Центар, потврдуваат за Фокус партиски извори.
Инаку, Стефановски доаѓа на оваа партиска функција откако раководството го разреши досегашниот претседател и актуелен советник во Општина Центар, Илија Илијовски, кој ја поддржува иницијативата за внатрепартиски реформи – промена на статутот, генерален реизбор на партиските органи, нови партиски политики…
Во меѓувреме, партискиот лидер Никола Груевски најави дека партијата е во фаза на внатрепартиска реорганизација и кадровско освежување, така што следниот месец треба да биде избран нов Извршен комитет и генерален секретар, како да бидат конституирани партиските комисии и совети.
В.С.