Директорката на Клиниката за Инфективни болести Милена Стевановиќ порача дека вакцинацијата е главниот спас од која било инфекција, посочувајќи дека лицата треба да се вакцинираат независно од тоа дали прележале Ковид 19 и каква била клиничката слика во текот на боледувањето.
-Вакцинацијата мора да се случи независно од прележаната болест, како и независно од тежината на прележаната болест. Колкаво ќе биде времето до вакцинација? Колегите во медицинските научни истражувања велат дека треба комплетно да бидат повлечени сите клинички симптоми од болеста, тоа е најмалку еден месец после заздравувањето. Секако дека овие пациенти ќе имаат имунитет најмалку шест месеци. Ние ги гледаме најкратките возможни рокови, повторно со предострожност да ги заштитиме пациентите – рече Стевановиќ на Сител.
Таа додаде дека ниту една вакцина не може да покрие стопроцентна заштита од одредена инфекција и равој на болест, но она што, според неа, може да го направи е да го заштити човекот од исклучително тешки клинички слики и смртини исходи.