519
Полицијата по налогот на надлежните државни органи, приведе 15 лица кои учестувале во инцидентот пред Собранието на Србија, вели српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
„Денешното физичко насилство на Бошко Обрадовиќ и останатите пратеници, како и другите луѓе кои се обидуваа да влезат во Народното собрание го оценувам како чист фашизам“, наведува министерот во соопштението.
Тој вели дека полицијата привела 15 лица кои учествувале во ова насилство, и ги нападнале Маријан Ристичевиќ и други пратеници и луѓе кои влегувале во Собранието.