513
Во моментот се одвива примопредавање на предметите од СЈО во Републичкото јавно обвинителство, рече обвинителката Лиле Стефанова, пред денешното рочиште за случајот „Титаник“.
Таа одговори дека не знае дали истите обвинители ќе ги застапуваат предметите, потенцирајќи дека тоа допрва треба да го одлучи Јавното обвинителство.
Како што дознаваме предавањето на предметите ќе се одвива брзо и ќе заврши за неколку дена.
Во меѓувреме пак за два дена истекува и мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
В.В.