Стефанова: Срѓан Керим е лоциран, се наоѓа во Хрватска

by fokus

Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова, изјави дека во тек се истраги за затворањето на МПМ и за лажниот стечај, како што рече, на фирмата „Графички центар“.

На прашање дали СЈО знае каде се наоѓа поранешниот управител на МПМ, Сраѓан Керим, таа потврдно одговори.

-Лоциран е, Керим се наоѓа во Хрватска. Тој даде исказ во СЈО, а ја напушти Македонија веднаш потоа. Тој во овој момент не е потребен на истрагата. Јана Станисљава според последниот информации е во Македонија, и таа веќе даде исказ— рече Стефанова.

Поврзани новости