Стефанова: Ниту сум се доближила до шефицата, од самиот старт се оградувам од Јанева!

by fokus

Обвинителката Лиле Стефанова по денешното рочиште за случајот „Титаник“ истакна дека СЈО во моментот е во најтешкиот период. Таа истакна дека нема амбиција да ја завземе челната позиција во СЈО, а појасни и дека од стартот се оградувала од Катица Јанева.

-СЈО во во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби што ги имала од основањето до денес. Затоа апелирам политичарите, сите чинители во државата да седнат и да го донесат Законот за јавното обвинителство за да немаме прекин на постапките, не само на оние што се дадени во суд, ние имаме и сериозни истраги. Со неносењето на Закон, со немањето на овластвање, му даваме огромен простор на криминалот. Шефот е осомниничен за криминал од пред два дена. Јас сакам да кажам дека денес гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа, па дали ни бил шеф, колега или пријател, воопшто не е важно, рече Јанева.

На прашањето дали се оградува од Јанева, Стефанова рече:

-Јас ниту сум се доближила до Катица Јанева, од самиот страт се оградувам!

Стефанова на прашањето пак дали ќе конкурира за нов шеф на СЈО, рече: „Не се гледам како шеф на СЈО, ниту планирам да конкурирам“.

В.В.

 

 

 

Поврзани новости