588
Обвинителката Лиле Стефанова на новинарски прашања на денешната прес конференција, ги отфрли информациите дека имало претрес во нејзиниот дом, додавајќи дека не стравува за својата иднина.
„Не е точно дека имало претрес во мојот дом. Не стравувам за својата иднина и нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали Јанева треба да стравува“, кратко рече Стефанова.
Во текот на вчерашниот ден обвинителката Катица Јанева поднесе оставка, а се појавија и информации дека полицијата вршела претрес и во домот на Стефанова.