429
Обвинителката Лиле Стефанова истакна дека ќе бара притвор и за останати обвинети доколку има и најмал сомнеж за бегство. Одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе побара притвор за Сашо Мијалков, кој е осомничен и во случајот “Империја”, таа рече:
-Ќе побарам притвор за секој осомничен или обвинет доколку за тоа постои и најмал сомнеж, односно опасност од бегство, влијание врз сведоци или уништуваее на докази, рече Стефанова, додавајќи дека во Македонија нема недопирливи.
Таа додаде дека истрагата за “Империја” ќе се проширува.