Стефанова до Јанакиевски: Сам си го уништуваш животот

by Fokus

На крајот од денешното рочиште за случајот „Траекторија“ кое се одржа во скопскиот Кривичен суд, обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова на обвинетиот екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му рече „Сам си го уништуваш животот“, на што тој одговори „Ова не е живот”, пренесува Сител.

Во „Траекторија“ им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинителниот акт тие во 2012 и 2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид.

Судскиот совет одлучи следното рочиште да се одржи по летните одмори, на 3 септември.

Поврзани новости