Стефанини: По војната во Украина, ЕУ нема друга опција освен да се прошири

by Fokus

Пораката која што ЕУ-членките ја праќаа од 2013 година, по зачленувањето на Хрватска е „почекајте, почекајте“, сега пораката треба да биде „движете се побрзо и ќе станете дел од ЕУ.“

По војната во Украина, ЕУ сега нема друга опција освен да се прошири, што ќе бара прилагодување од нејзина страна, бидејќи не смее да остави важни земји бескрајно да чекаат, а земјите кандидати кои се способни да си ја завршат домашната задача, како Северна Македонија, треба да можат да станат членки на ЕУ во разумно време.

Од вас зависи дали ќе бидете подготвени за тоа што е можно поскоро.

Ова го порачува меѓу другото во интервју за МИА Стефано Стефанини експерт за глобални безбедносни прашања со многу богато дипломатско искуство.

Прашан што треба земјава да направи во овој круцијален момент за нејзината европска перспектива, Стефанини вели засукајте ги ракавите, постигнете политички консензус и посветете се на реформите од ЕУ-агендата.

Поврзани новости