Стефани Арсовска: Од гласен критичар на партизацијата до советник на премиерот преку СДСМ

by fokus

Партиска младина со спорен професионален багаж, локални мангупи, новинари и водители на фолк фестивали чинат  дел од списокот надворешни советници/соработници на премиерот Зоран Заев.

Истражувачката репортерска лабораторија  ИРЛ Македонија повеќе од една година известува за непочитувањата на начелата на системот на заслуги. Клиенталистичкиот однос на администрациите во делењето државни работи и зделки со години е критикувано од страна на Европската комисија. Владата на Зоран Заев навести крај на бруталните пракси кои доведоа до опаѓање на квалитетот на живот, иселување на младите и колапс на економијата.  Се вети и крај на фрустрациите на квалитетните кадри кои не можат да се натпреваруваат со вештини и идеи на пазар на труд под диктат на центрите на моќ во партиите.

Во 2015 годинa велешанката Стефани Арсовска ги завршува своите студии на приватниот универзитет ФОН. Пишува колумни за партизацијата, за владеењето на правото, за системот на заслуги во онлајн порталот Бриф. Како родена во раните девеесетти, Арсовска сака да зборува гласно и за неправдите врз младите без партиска книшка кои не можат да најдат работа, меѓу нив и нејзини пријатели.

„Мастер студиите завршија. Е сега што правиме? Колегата мој треба да се вработи. Јасно ни е на сите нас овде…Во Република Македонија партиската книшка многу  повеќе се вреднува од диплома. Партиската книшка е онаа што не разликува и притоа многу повеќе не дели. На послаби и појаки, на црвени и плави, ова се зборови на Стефани Арсовска од нејзин говор на ораторски вечери во 2015 година кога уште студира на приватниот универзитет ФОН.

Во меѓувреме, Стефани Арсовска е активна и во опозициското движење. Во 2015 почнуваат нејзините ангажмани во СДСМ кога ја посетува и праксата за млади. Taa магистрира на Универзитетот ФОН на теми од областа на европската унија, а помеѓу членовите во комисијата е и Нано Ружин. Неговиот син Александар Ружин и Стефани Арсовска во ист ден добиваат договори со владата за да го советуваат премиерот.

Стефани Арсовска му станува советник на премиерот со авторски договор за  „Поддршка на процесот за поголемо искористување на ЕУ фондовите во областа на земјоделство, шумарство и водостопанство, во потесна соработка со посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство“. Таа работи во кабинетот на посебната советничка за земјоделие Ленче Николовска, поранешна новинарка и пратеничка. Зема хонорар од 30,000 денари месечно, а договорот и е на една година.

Целиот текст може да го прочитате на овој линк.

Поврзани новости